И студентите протестираа заради притворање на колегите во текот на демонстрациите по претседателските избори.

Денес во Минск за прв пат со знамиња во боите на виножитото на демонстрациите се појавија и припадници на ЛГБТ заедницата.

„АП“ оценува дека овој потег значи дека демонстрациите стануваат се посмели.

ЛГБТ лицата повикуваат на слобода. Доста ни е живот во диктатура каде едноставно не постоевме, за „АП“ изјавила демонстрантката Ана Бредова.

Иако истополови активности во Белорусија се легализирани од 1994 година, тие и понатаму се стигматизирани.

Властите не дозволувале регистрирање на ниту една ЛГБТ организација во земјата.

Според организацијата за човекови права Виасна, во маршот денес учествувале околу 5.000 жени.

Претходно денес, стотина студенти формирале човечки синџир во знак на протест против притворањето на студентите од Државниот лингвистички универзитет.

Виасна соопшти дека во сабота се приведени околу 20 студенти.

По претседателските избори кои белоруската опозиција ги нарекува наместени, избија големи демонстравии во Белорузија на кои се уапсени скоро 7.000 луѓе, а неколку стотици се претепани.