Курти најави дека неговата партија Самоопределување ќе дејствува и во Македонија

by Фокус

Лидерот на движењето Самоопределување и довчерашен премиер на Косово Албин Курти најави дека неговата партија наскоро ќе дејствува како политички субјект и во Македонија. На денешниот собир по повод 21-годишнината од ослободувањето на Косово, Курти изјави дека Самоопределување има поддршка во сите албански средини во регионот.

-Ние го имаме нашиот центар во Албанија, а од денеска ја покренуваме иницијативата за основање на Движење Самоопределување и во Македонија – порача Курти на крајот од својот говор пред неколку илјади граѓани на собирот на плоштадот „Скендербег“ во центарот на Приштина.

Поврзани новости