Курти му потврдил на Шоле дека е подготвен да се сретне со Вучиќ

by fokus

Косовскиот премиер Албин Курти во телефонски разговор му потврдил на советникот на американскиот Стејт департмент Дерек Шоле дека е подготвен за следните средби на високо политичко ниво во рамки на дијалогот меѓу Белград и Приштина, соопшти денеска косовската Влада.

„Премиерот на Косово, Албин Курти, вчера имаше телефонски разговор со високиот советник на американскиот Стејт департмент, Дерек Шоле. Разговараа за европскиот предлог, кој е прифатлив како добра основа за понатамошни разговори и солидна платформа за напредок кон целосна нормализација на односите меѓу Косово и Србија во рамките на дијалогот во Брисел“, се наведува во соопштението.

Притоа била нагласена важноста на напредокот на Косово во меѓународната во време кога демократските и економските достигнувања на Косово во последните две години се докажани од многу престижни меѓународни организации и институти, се додава во соопштението.

Поврзани новости