Косовскиот премиер, Албин Курти ги осуди вчерашните напади со експлозивни средства во северно Косово, за што ги обвини криминалните структури во таа област, за кои вели дека се „платени од Србија и диригирани од нејзиниот претседател“, Александар Вучиќ, јави дописникот на МИА од Приштина.
Курти преку неговата страница на Фејсбук порача дека, поради вчерашните напади врз канцелариите на Општинската изборна комисија во Северна Митровица и во Зубин Поток, во тој дел од земјата ќе има зголемено полициско присуство.
– Криминалните банди ги интензивираа нападите во северно Косово Тие знаат дека им доаѓа крајот. Владата на Косово ниту се пазари со нив, ниту ќе ги поднесува. Бомбите кои ги фрлаат, куршумите кои ги истрелуваат и маските кои ги носат се нивната политичка и народна немоќ. Со овие злосторства и вооружени напади северно од Ибар, секако дека ќе имаме повеќе косовска полиција таму, напиша Курти.