340
Курдистанската работничка партија (ПКК), објавена како терористичка група од Турција и нејзините западни сојузници, ја презеде одговорноста за денешниот самоубиствен бомбашки напад во турскиот главен град Анкара, во кој беа повредени двајца полицајци, а бомбашите беа неутрализирани.
„Против турското Министерство за внатрешни работи беше извршена пожртвувана акција од екипа на нашата Бесмртна бригада“, наведе ПКК за новинската агенција АНФ, што е блиска до курдското движење.