Ердоган: Терористите никогаш нема да ги постигнат своите цели

by fokus

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека терористите, кои извршија бомбашки напад пред Министерството за внатрешни работи во Анкара, не успеале во „последниот обид“ да го загрозат мирот и безбедноста на граѓаните.

„Тие не ги постигнаа своите цели и никогаш нема да ги постигнат“, рече Ердоган при обраќањето пред пратениците во турскиот парламент.

Тој додаде дека Турција ќе продолжи да ги обезбедува своите јужни граници од милитантите кои доаѓаат однадвор.

Владата на Турција претходно соопшти дека денеска двајца терористи извршиле бомбашки напад пред зградата на Министерството за внатрешни работи во Анкара, во кој се повредени двајца полицајци.

Еден напаѓач се разнел, а другиот бил убиен од полицијата, соопштија локалните власти.

Нападот се случи во централниот кварт Кизилај, ден кога Ердоган присуствува на седница на парламентот, кој се наоѓа на километар од зградата на турското МВР.

Поврзани новости