Најголемата грчка опозициска партија Нова демократија на министерот Никола Димитров му го повтори истиот став како и грчкиот шеф на дипломатијата Никос Коѕиас– прво наоѓање решение за името, па зелено светло за прием во НАТО.
„Ние веруваме во потребата за заеднички прифатливо решение за името. Веруваме дека тоа може да се случи и тоа за брзо време, ако постои вистинска позитивна политичка волја. Токму бидејќи веруваме во потребата за заеднички прифатливо решение сметаме дека политиката од Букурешт, изразена преку едногласната одлука од НАТО, останува силна“,посочи Јоргос Кумуцакос, одговрен за надворешна политика во Нова демократија по средбата со Димитров.
Сепак, забележа дека е позитивно што новата влада испраќа порака на умереност, што е поконструктивно и попродуктивно од она на кое се научени од претходната влада.