Кумашинот и тештата на Рашковски си дадоа оставки од државните работни ангажмани

by fokus

Адвокатот Костиќ го раскина договорот со Генералниот секретаријат на Владата, тештата на Рашковски се повлече од Комисијата за жалби во Централниот регистар, а хонорарот од Телеком Рашковски го донирал во хуманитарни цели, велат за НОВА ТВ владини извори. Овие одлуки доаѓаат откако ВМРО-ДПМНЕ и медиумите го обвинија владиниот генерален секретар, Драги Рашковски, за непотизам и судир на интереси.

Адвокатското друштво Костиќ, Велковски и Цветаноска, кое беше ангажирано од Генералниот секретаријат за правни услуги денеска го раскинало договорот. Адвокатот Костиќ, како причина за раскинување на договорот навел дека овој ангажман од Владата му нанел штета на угледот на неговата фирма и лично на генералниот секретар, Драги Рашковски.

ВМРО-ДПМНЕ го обвини Рашковски за непотизам, бидејќи тој и адвокатот Костиќ се долгогодишни пријатели. А, НОВА ТВ откри дека адвокатското друштво било формирано пред неполни два месеца, на 27. јули годинава, а по само неколку дена било ангажирано од повеќе  државни институции за адвокатски услуги.

Поврзани новости