Кумановскиот градоначалник Димитриевски најави трка за уште еден мандат

by Фокус

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, најави дека ќе се кандидира за уште еден мандат на претстојните локални избори.

-Очекувам поддршка од СДСМ, таму сум од 1991 година, таму се сите мои партиски другари. Ние го победивме режимот, имаме обврска и да ја промениме Македонија во поубаво место за живеење. Јас пред 3 години излегов со програма со рокови од 2, 4 и 8 години и имам намера да ја реализирам програмата. Ќе одам во трка, ако ја добијам поддршката од СДСМ секако ќе бидам кандидат – рече Димитриевски на Алфа.

Инаку, тој во последно време беше во затегнати односи со партиското раководство на СДСМ, од каде се оградија од неговата изјава дека се уште има остатоци од владеењето на претходнот режим.

Поврзани новости