Куманово со итно барање до Владата: Маркети да вршат телефонска и онлајн продажба и дистрибуција за време на полицискиот час

by Frosina Fakova

Општина Куманово денеска во просториите одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со преземање на активности и мерки од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус) на Куманово денеска одржа состанок и побара под итно Владата да донесе мерка со која ќе овозможи работа на маркети и продавници кои ќе вршат телефонска и он лајн продажба на прехранбени продукти и диструбуција до купувачите на домашна адреса во деновите кога трае целодневниот полициски час.

На состанокот беа донесени следниве препораки, заклучоци и мерки:

Апел до граѓаните при појава на било какви симптоми, кои можат да укажат на инфекција со корона вирус, веднаш да го исконтактираат својот матичен лекар и доколку бидат упатени до болница да не одбиваат хоспитализација ако тоа им е препорачано од дежурниот лекар.

Дежурен телефон на Општинскиот штаб за заштита и спасување е 078 365 061, на кој граѓаните ќе можат да ги добиваат потребните информации.

Општинскиот штаб за заштита и спасување до сега има информација дека дежурна аптека во градот е Провиталис (031 415 303). Штабот апелира и до другите аптеки во градот да воведат ваква услуга за дежурства и да ја почитуваат одлуката за комисија за здравство и владата и за тоа да известат штабот.

Најзагрозени социјални случаи за асистенција при набавка на неопходни продукти, можат да се јавуваат на телефонските броеви : 075 207 126 и 077 71 94 94.

Согласно мерките на Владата и информацијата од МВР, земјоделците што имаат неодложни активности поврзани со производство во атарот на своите села, ќе можат да го обработуваат своето земјиште.

Согласно препораките на Владата и информацијата од МВР сите граѓани кои имаат потреба за итни излегувања од дома за време на полициски час (потреба од медицинска услуга, работно ангажирање и др.) да го најават своето излегување на телефонскиот број 192 .

Во Куманово од вчера вечерта од 21 часот има забрана за движење цел викенд, се до понеделник до пет часот поради зголемувањето на бројката на забилени од корона вирус.

Поврзани новости