456
Шпанското Министерство за здравство соопшти дека во земјата се регистрирани нови 7.000 заразени лица со Ковид-19.
Вкупниот број на инфицирани со новиот коронавирус во Шпанија веќе изнесува 124.736, наспроти Италија која во овој момент има 119.827 заболени лица. Бројот на смртни случаи во Шпанија достигна 11.744, соопшти Институтот „Џон Хопкинс“.
Засега бројот на починати во Италија е 14.681 лица.