Куманово се подготвува за голем концерт со домашни и регионални музичари!

by Fokus

Голем концерт ќе се одржи на градскиот плоштад во Куманово по повод празникот ,,11-ти Ноември”, со почеток од 20 часот, ден пред празникот, односно на 10-ти ноември.

На настанот кој го организира Фондацијата за култура и спорт „Куманово“ – Куманово, под покровителство на градоначалникот Максим Димитриевски и Советот на Општина Куманово ќе настапат повеќе музички имиња од земјава и регионот. Програмата ќе започне со настап на Bardhi, а потоа гостуваат Пајак и Таско.

Главните музички ѕвезди Ѓорѓе Давид со „Death Saw“ и Ивана Петерс ќе се појават пред публиката во 22 часот. Минатата година концертот по повод празникот беше откажан поради состојбата со ковид пандемијата. Годинава од организацијата на концертот апелираат за почитување на мерките за заштита од вирусот.

Вики Клинчарова

Поврзани новости