Куманово повторно со најмногу заразени, нови 25 случаи на корона вирус

by Fokus

Нови 48 новозаразени од корона вирус се регистрирани во последниот извештај на министерството за здравство, со што вкупната бројка достигна 711 заразени.

Според статистиките, најмногу нови случаи се регистрирани во Куманово – 25, потоа е Скопје – со 11 случаи, па Прилеп – 4, Струга – 3 и Гостивар – 2, додека во Штип, Тетово и Охрид се откриени по еден новозаразен.

Досега од Ковид 19 починаа 32 лица.

Поврзани новости