Кумановката која се залагаше за прифаќање на несовршеното женско тело, сепак легна под нож!

by Fokus

Кумановската пејачка и инфлуенсерка, Ивона Јо (25), која стана популарна во регионот по своето учество на музичките натпревари ,,Идол” во Македонија, но и ,,Ѕвездите на Гранд” во соседна Србија, како и по своите обиди да стави крај на идеализирањето на слабите девојки, и прифаќање на своето тело, без оглед на килограмите, деновиве сепак, легнала под нож.

Позната по своите обиди да стави крај на општествените предрасуди, но и навреди на сметка на жените со вишок килограми со кои тие редовно се соочуваат, Ивона беше доста гласна, но и храбра, објавувајќи фотографии на кои позира во припиена облека, охрабрувајќи ги сите кои се наоѓаат во слична ситуација, да си го сакаат телото и да се чувствуваат убаво во својата кожа.

Токму поради низата на мотивирачки пораки, нејзините следбеници ги изненади објавата дека во Турција направила кратење на желудник, хируршка процедура која изминативе години станува се попопуларна, како ефикасен начин за губење на килограми.

-Во моменти на најголемата болка која сум ја искусила во мојот живот, јас велев дека можам и дека ќе успеам. И успеав. Се разбудив жива и здрава од операцијата и во овој момент сум на пат кон здрава верзија на Ивона.

За самата процедура нема да зборам сега. Ќе се задржам на емотивниот момент и одлуката.

Долго време на мојот профил читате за прифаќањето на самите себе и љубовта кон себе. И стојам уште до тоа. Без прифаќање на реалната ситуација и согледување на своите чувства немаше никогаш да прифатам вакво нешто. Прифати за да можеш да промениш е мотото кое ми одѕвонуваше во главата секојдневно. Прифати за да можеш да промениш. И последните недела дена пред операција (моментот бикини на плажа) беа тие денови кога живеев слободно.

Ја почувствував слободата на сопственото тело. Одлучив овој процес да оди јавно без цензура. Се што ќе се случува со мене ќе го проаѓаме заедно- открива Ивона, која има десетици илјади следбеници на социјалните мрежи. Таа пред три години имаше настап и на популарниот фестивал на забавни мелодии ,,Макфест”, а студира стоматологија.
Многу од нив во минатото и ја даваа поддршката во обидите да придонесе за зголемување на јавната свест кога се вишокот килограми во прашање, односно нејзините пораки дека секоја жена е убава и без оглед на тежината може да го носи парчето облека кое ја прави среќна.

-Буквално цел живот сум учена дека дебелите девојки носат само широка облека, покриен задник со џемпер. Што е можно повеќе слоеви на гардероба за да не се види дека е вишокот залепен. Вишок кој општеството го карактеризира како дебела, грдотија, не се грижи за своето здравје, како може да си дозволи на тоа тело хеланки или пак танги и слично.

И најтешко од се знаете што е? Моментот кога ќе сфатиш дека си почнал и ти така да размислуваш. Моментот кога се фаќаш во денот како освен низа на негативни реченици ти немаш што убаво да си кажеш.

Затоа решив да посветам ден за себе. Ден кога ќе го облечам моделот кој секогаш сум замислувала дека го носам. И знаете што? Додека се фотографирав јас се чувствував исклучително убаво и посакувано од своја страна. Бев тргната од рамките на размислувањето кој и што ќе каже. И после ова објавување навистина ќе се стремам тоа да е така. Вистинската тајна во постигнување на комплетна самодоверба не е да престанеш да се грижиш што другите ќе кажат за тебе, туку што имаш ти да си кажеш на себе- е една од нејзините пораки, која беше пренесена во повеќе медиуми, а поради која Ивона доби огромна јавна поддршка во обидите да се рушат стереотипите за женското тело.

Вики Клинчарова

Поврзани новости