Кумановец спречен да се повреди, ја нападнал мајка си

by Fokus

Жител на Куманово бил спречен во обидот да се самоубие, по што ја нападнал сопствената мајка, информираа од МВР.

Во текот на вчерашниот ден, околу 16,50 часот било пријавено дека во Куманово во стан, 38-годишен кумановец, откако од страна на неговиот татко претходно бил спречен да се самоповреди, со остар предмет ја нападнал мајка си.

-Лицето од екипа од Итна медицинска помош и полициски службеници лицето било однесено во ЈЗУ Психијатриска болница Бардовци. За настанот бил известен Јавен обвинител за целосно расчистување на случајот, информираат од МВР.

Поврзани новости