Кулеба разорачан замина од Бугарија, Борисов ја нападна Владата

by Фокус

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба разочаран си заминува од Бугарија, откако од бугарските политичари добил само изговори зошто Бугарија не може да ѝ испрати воена помош на Украина да се одбрани од руската агресија.

-Од почетокот на војната чув толку многу оправдувања зошто некој не може да ѝ помогне на Украина. Тие луѓе не се искрени. Чув неколку изговори зошто Бугарија не сака да испрати воена помош на Украина. Првото беше дека треба да се зачува мирот во Бугарија, а второто беше дека Бугарија и Русија се братски народи. Во предвечерието на Велигден сакам да кажам неколку мисли за братството. Како можете да се сметате за браќа со убијци? Како може да верувате дека некој кој убива и уништува за време на Страсната недела е ваш брат? – праша Кулеба.

Поранешниот бугарски премиер и моментален опозициски лидер Бојко Борисов, пак, изјави дека Кулеба три-четири дена се шетал како сираче низ бугарскиот парламент.

-Пратениците се занимаваа со сè друго, но не и со важното за Бугарите. Ги продадоа за 30 сребреници, на Велики Четврток – кажа Борисов за немањето јасен одговор на украинското барање за воена помош.

Со оваа изјава, тој ги критикувал пратениците кои не го поканиле украинскиот министер за надворешни работи да зборува од говорницата на Народното собрание при неговата посета на Бугарија. Поранешниот премиер го коментирал и предлогот за техничка помош за Украина, истакнувајќи:

„Не можам да разберам што значи техничка помош со заштитна опрема, заштитна опрема се и кондомите…“.

Поврзани новости