564
Академик Катица Ќулавкова реагираше на носењето на Законот за употреба на јазиците за кој смета дека ги укинува македонските јазични права.
-Законот за јазиците не обезбедува јазични права на Албанците, оти сите јазични права тие ги добија со Законот од 2008. Овој Закон ги укинува македонските јазични права и воведува јазична диктатура на албанскиот во Р.Македонија. Федерализацијата е игра во споредба со штетата што овој Закон ќе ја нанесе на македонската држава, нација и демократија, напиша Ќулавкова.