Ќулавкова: Со Закон за употреба на јазиците се создаваат услови за позитивна јазична дискриминација

by fokus

Со новиот Закон за употреба на јазиците (ЗУИ) во нашата држава на голема врата се создаваат услови за позитивна јазична дискриминација. Ова денеска го истакна академик Катица Ќулавкова во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).

– Македонија во овој момент е претворена во една лабава, нестабилна структура од јазични, верски, културни и други заедници. Нестабилна зашто генерира постојано, особено со овој нов ЗУИ, мискомуникација, мисинтерпретација, оттуѓување на заедниците една од друга, со тенденција да се наметне одредена позитивна дискриминација. Значи да се наметне јазикот на малцинството како јазик што ќе биде не само државно признат, албанскиот, турскиот и секој јазик секаде да имаат карактер на службен јазик во нашата држава. Тоа не е спорно, така било со децении наназад. Се работи само за опсегот на таа службеност, на службениот карактер на еден јазик, рече Ќулавкова.

Поврзани новости