496
Овогодинешниот добитник на „Антево слово“, академик Катица Ќулавкова честопати знае да ги истакне нејзините политички ставови на социјалните мрежи.
Според неа, се води држава, а не се прави разлика помеѓу малцински јазични права и должности.
„Водат држава, а не прават разлика меѓу (малцински) јазични права и должности спрема државниот јазик! Службениот карактер на албанскиот јазик се однесува на правата на 20% македонски Албанци и не ја укинува должноста тие да го познаваат и да го зборуваат државниот јазик на РМ, македонскиот“, напиша Ќулавкова.