Возачот на мотоциклот „Кавасаки“ кој усмрти пешак на пешачка патека и побегна без да му укаже помош наместо во притвор, ќе го чека епилогот од истрагата во својот дом.
Судија на претходна постапка, од Кривичниот суд, не ја уважи предлог-мерката на обвинителката која бараше ефективен притвор, односно возачот кој беше во бегство, да биде спроведен во затворот во Шутка.
Од Обвинителството посочуваат дека жалбата за ваквата мерка е веќе дадена и се чека одлуката на Кривичниот совет.
Обвинителката инсистира на мерка ефективен притвор. Инаку, трагедијата се случи на скопскиот Кеј, на пешачка патека. Возачот на мотоциклот немал ниту дозвола. Жртвата, скопјанецот Југослав Николовски, излегол да фрли отпад, а бил усмртен под прозорецот на неговиот стан.