108
Основниот кривичен суд му одреди куќен притвор и на петтиот осомничен за упадот во М-НАВ, кој синоќа беше уапсен на граница кон Косово. Основното јавно обвинителство Скопје најави дека ќе вложи жалба на одлуката.
„За лицето осомничено за кривично дело – Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај кое повеќе дена беше недостапно на органите на прогонот, а вчера беше лишено од слобода на граничен премин, Основниот кривичен суд Скопје определи мерка куќен притвор“ соопшти обвинителството.
Вчера беше соопштено дека е уапсено и петото лице, осомничено за упадот во М-НАВ, кое било фатено на граница кон Косово.
И за другите четворица приведени, меѓу кои и Беким Незири, претходно судот одреди куќен притвор.