Кукаст крст нацртан на споменикот на Тито во Куманово

by fokus

Kукаст крст и погрдни зборови синоќа осамнаа на спомен обележјето на споменикот на Јосип Броз Тито на плоштадот во Куманово. Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски го осуди чинот на својот Фејсбук профил.

Тој побара надлежните да ги пронајдат сторителите и да ги изведат пред лицето на правдата.

-Не е прв пат да се сквернават споменици од НОБ, ваквите нечовечки акти нема да не поколебаат да ги негуваме придобивките на партизаните од НОБ и Јосип Броз Тито кои се бореа против најголемо зло на човештвото фашизмот и ни овозможија да ние денеска живееме во слободна и независна држава Република Македонија, напиша Димитриевски.

Поврзани новости