398
Порака до македонските гласачи да учествуваат на референдумот, но и порака до ВМРО-ДПМНЕ да не го бојкотира претстојниот референдум се дел од темите на кои се осврнува европратеникот од Европската Народна Партија (ЕПП), Едуард Кукан во интервју за МИА.
„Мојата порака до македонските гласачи е дека треба да учествуваат во референдумот, треба да го искористат правото да го кажат своето мислење за развојот на нивната држава и не треба да ја пропуштат оваа можност. Без да бидам патетичен, патриотска должност на сите луѓе во Македонија е да учествуваат и со тоа да изразат своето мислење за идниот развој на земјата. Ве молам излезете и гласајте“, рече Кукан.