Низ историјата постојано не прекрстуваа, но името Македонија остана, вели академик Филиповски

by fokus

Во Македонија се поактуелна станува темата за референдумот, кој ќе се одржи за 30-ти септември. Според академик Ѓорѓи Филиповски, во изјава за 1ТВ, Македонија низ своето постоење континуирано била прекрстувана, но името останало чисто.

„Ќе се смени името, а суштината иста. Сите членови остануваат исти. Македонија ќе добие една придавка, а оваа држава добивала придавки постојано во минатото. Пред војната, не викаа јужносрбијанци, 1941 година Бугарија не викаше македонски Блгари. Дојде ослободувањето, името на Македонија се менуваше со придавки. По осамостојувањето се регистриравме како БЈРМ. Никој не не викаше БЈРМ-овци. Името на државата и етничката заедница нема никаква врска.

Поврзани новости