404
Кривичниот совет кој денеска одлучуваше по жалбата за одредената мерка притвор за началникот на Петтата управа, Горан Грујевски, ја прифати жалбата на одбраната, дознаваме од судски извори. Советот ја преиначи мерката привор во куќен притвор. Оваа одлука на Кривичниот совет сè уште не е правосилна.
На оваа одлука на Кривичниот совет, и одбраната, но и Обвинителството имаат право на жалба до повисокиот суд.
Претходно Судот по барање на Специјалното обвинителство му одреди мерка притвор во траење од 30 дена на началникот Горан Грујевски. Тој е првоосомничен во предметот „Тврдина“ и е осмничен дека заедно со поранешната министерка Гордана Јанкулоска уништил два системи за прислушување со цел прикривање кој ги користел.