480
Здравко Савески и Владимир Куновски кои денеска беа приведени поради учество во толпа за време на демолирање на Канцеларијата на Иванов, одат во куќен притвор, а одземени им се и пасошите.
Ваква одлука донел Основниот суд Скопје 1, кој претходно го одбил барањето на Јавното обвинителство за притвор од осум дена.
Судијата на претходна постапка, заради неосудуваност одредил поблага мерка , бидејќи не постоел сомнеж за повторување на делото.
Апсењето на двајцата членови од партијата, предизвика остри реакции кај голем дел од граѓанските здруженија и политички партии, кои нивното приведување го дефинираа како обид за заплашување на демонстрантите.