Ќучук: Францускиот предлог е најдоброто што Бугарија и Северна Македонија може да го постигнат

by Fokus

Известувачот за Северна Македонија Илхан Ќучук смета дека францускиот предлог е најдоброто што Бугарија и Северна Македонија може да го постигнат. Во 21. век, нагласува тој, идентитетот не може никому да му биде одземен, а најдобар начин да се заштити и зачува е да се биде внатре во Европската Унија, каде сите се еднакви.

-До сите мои пријатели во Северна Македонија, би сакал да ги известам дека францускиот предлог е најдоброто што Бугарија/Северна Македонија може да го постигнат и би сакал да ве уверам дека во 21-ви век никому не може да му биде одземен идентитетот. Најдобар начин да се заштити и зачува е внатре во ЕУ каде што сите сме еднакви, напиша на Твитер Ќучук, кој е и лидер на Европските Либерали, претставник на бугарската партија ДПС

 

Поврзани новости