Кучиња нападнаа жена на велосипед на улица „Македонија“

by fokus

Кучиња скитници вчера околу 09.00 часот ја нападнаа 41 годишната Б.Л. на улица „Македонија“ во центарот на Скопје. Како што велат од полицијата, Б.Л. била нападната од глутницата кучиња додека се возела со велосипед. Едно од нив, додаваат од таму, ја каснало на десната потколеница.

Освен ова вчера имало уште два случаи на напад од кучиња. Во 21.00 часот, додека се движел пеш по улицата „Ташко Караџа“, 20-годишниот М.В. бил нападнат од куче-скитник кое го каснало за десната потколеница.

50-годишниот М.Т. од Скопје, пак, вчера пријавил во полиција дека во петокот околу 15,00 часот на улицата „Антонио Грубишиќ“ бил каснат од куче скитник при што се здобил со повреди на левата потколеница.

Поврзани новости