Пожарникари од Крива Паланка спасиле куче влечено по асфалт, кое било фрлено во речно корито.
„По добиена дојава за фрлено куче во бездна со тим од двајца пожарникари излеговме на лице место и пристапивме со негово извлекување и предавање на надлежните институции.
Кое по претходно малтретирање било фрлено во коритото на Крива Река.
За жал уште една немила ситуација на изживување и измачување на Животните,“ – велат од ТПЕ Крива Паланка.
Поднесена е пријава за лицето кое влечеше куче со возило, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи.
На 13.08.2025 во 14:45 часот во ОВР Крива Паланка бил извршен службен разговор со З.М. (59) од Крива Паланка, затоа што на магистралниот пат село Жидилово – Крива Паланка на патничко моторно возило „фиат панда“ врзал куче и го влечел.
По целосно документирање на случајот, против З.М. поднесена е соодветна пријава.