766
Кубанските власти соопштија дека при користење на два лекови кои биле развиени од кубанските биотехнолошки компании, довеле до значително намалување на смртноста од корона вирусот во таа земја.
Здравствените власти од Куба соопштија дека во изминатите девет дена регистрирани се само два смртни случаи.
Еден од лековите е „итолизумаб“, моноклонално антитело кое се произведува во Куба, додека пак другиот лек е врста на пептид, кој кубанската биотехнолошка индустрија го развила и првобитно го тестирала за лечење на втора фаза од ревматичен артритис.