Престрелка со автоматско оружје во Бутел, нема повредени

by Fokus
Попладнево во населбата Бутел се случила престрелка со автоматско оружје, но нема повредени, информираа од МВР.
„Во 17:47 час. О.И. пријавил дека на ул.„Христијан Тодоровски Карпош“, новиот дел после подвозникот, од десната страна, од 2 ПМВ едното Фолксваген Пајтон сива боја и ПМВ Ауди 4 црна боја, во правец на О.И. од страна на неколку лица било пукано со автоматско оружје, но никој не бил повреден. Пријавителот посочи дека препознал дел од напаѓачите. Се работи на расчистување на случајот“, соопштија од МВР.

Поврзани новости