КСС: Отпуштените работници да не плаќаат вода и струја

by Fokus

Државата во име на солидарноста да се откаже од режиските трошоци за струја и вода за граѓаните кои останаа без работа поради состојбата со коронавирусот. Ова е едно од барањата на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС), кое ќе го достави до Владата.

„Како најголем производител на струја и како сопственик на ресурсите со вода, бараме Владата да донесе уредба со која сите режиски трошоци на работниците кои добиле отказ да не се наплаќаат. Надоместок од 7.000 денари не е доволен за ниту едно семејство од Македонија да може да преживее, а од друга страна трошоците за режиски трошоци ќе им се соберат, така ќе настане проблем како тие ќе ги регулираат и понатаму, знаејќи дека голем дел од нив може да останат без работа и подолг временски период“, – се наведува во соопштението на КСС.

Поврзани новости