Бучковски: Новата вонредна состојба отвора можност за избори на 21 или 28 јуни

by Фокус

Екпремиерот и универзитетски професор Владо Бучковски во „360 Степени“ на АлсатМ оцени дека со прогласување нова вонредната состојба од 14 дена од страна на претседателот Стево Пендаровски се отвора можност за договор меѓу лидерите на партиите за избори на 21 или на 28 јуни.

-Не гледам друга можност. После одлуките на Уставниот суд, после суспендираниот парламент, Република Македонија нема луксуз да остане во ваква ситуација и заради непостоењето консензус влезе во уште поголема криза, според мене, од здравствената или економската – рече Бучковски.

Поврзани новости