Централизацијата на медицинските лаборатории и набавката на реагенси ќе оствари заштеда од неколку милиони евра за државата и ќе овозможи подоби услови за пациентите, изјави на денешната прес-конферeнција министерот за здрваство Венко Филипче.
Посочи дека проектот е во насока на оставарување eвропски модел и дека овој систем за централни набавки има поддршка од Светска банка.
– Централизираните набавки овозможуваат оптимално искористување на средствата. Министерството ќе има можност да ги контролира и предвидува трошоците за тестирање. Очекуваме цените да опаднат за 10 до 20 проценти. Ќе се овозможи поголема оптимизација на бројот и видот на инструментите во објектите со што ќе се зголеми оперативната ефикасност и подобрување на пристапот до напредни технологии во здравствените установи, изјави Филипче.
Со досегашното работење, нагласи тој, се фрлале реагенси поради нивната неискористеност и постојат анализатори со капацитет од 400 до 800 анализи на час во места каде нема ниту 30 до 50 анализи на ден.
– Пациентите нема да има потреба да патуваат за анализи кои не се вршат во нивните места на живеење. Нема да има дополнителни трошоци за пациентите, бидејќи резултатот ќе го добиваат во нивното место на живеење. Пациентите нема во никој случај да бидат оштетени, бидејќи тоа не се итни анализи. Итни анализи се потребни секаде каде што има хирургија и таму такви апарати се предвидени. Специфичните анализи е предвидено да се работат одделно во централна лабораторија. Анализи попладне и во ноќните часови ќе се изработуваат само за итните случаи, изјави Филипче.
Планираме оптимизирање на вкупниот број апарати на околу 120 и осум централни лаборатории
– Протоколите за транспорт на крв се според досегашните протоколи и должност на економскиот оператор. Лабораторискиот информативен систем ќе ги консолидира лабораториските тестови на сите пациенти на едно место. Здравствените установи ќе имаат пристап до информации во реално време во однос на податоци за пациентите за нивните лабораториски тестови и трошоците, изјави Филипче.