Новакоски: Во моментов нема кој да спроведе референдумот за името

by fokus

Избирачкиот список може да се јави како проблеми при спроведување на евентуален референдум за името, предупредува адвокатот, Александар Новакоски, на денешниот настан во организација на ЦИВИЛ, посветен на слободни избори.

Според него, поради непрочистениот избирачки список, резултатите од тој референдум може да бидат и оспорени.

-Во моментов нема кој да спроведе референдум, оти политичките лидери воопшто не ги интересира зошто нема Државна изборна комисија. Кога ДИК не работи во овој период, а има 150 вработени таму, прашањето е што тие луѓе работат, и дали не можеа да го направат Изборниот список. Списокот не се споменува како проблем сега, ама ќе се спомне за референдумот, за референдумот да се оспори“, рече Новакоски.

И да нема вонредни избори, додава Новакоски, ДИК треба да се професионализира, бидејќи е клучен фактор за спроведување на референдум.

Според него далеку сме од фер избори, согласно со извештаите од ОБСЕ и ОДИХР. 

 

 

Поврзани новости