777
Во истражниот затвор „Скопје“ утре ќе се спроведе крводарителска акција за Украина, информираат од управата на затворот.
-Ве известуваме дека во просториите на КПУ Затвор Скопје на ден 11.03.2022година(петок) во 11:00 часот ќе се спроведе доброволна крводарителска акција за Украина во организација на Црвен Крст на РСМ. Хуманитарната акција има за цел да ја подигне свеста за потребата и важноста од доброволното дарување крв, свеста за хуманоста и спасувањето човечки животи и да охрабри и поттикне што е можно повеќе луѓе да започнат со овој благороден чин, велат од затворот.