Денеска ново поскапување на горивата

by Fokus

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски бара од трговците да имаат разбирање во однос на намалувањето на маржата на 33%.

-Тоа е што ние можевме како Регулаторна да го направиме. Ќе дојдат мерките од Влада, барам разбирање од страна на трговците, велат од РКЕ.

Речиси сите трговци реагирале на последните измени кои ги воведе РКЕ, но во овој момент никој не информирал дека ќе прекине да точи гориво во знак на протест.

Инаку малопродажната цена се утврдува со просек од последните 5 дена на цените на светските берзи.

Според берзата, денеска се очекува ново зголемување на цените на малопродажба кај нас, тоа официјално ќе го објави вечерва регулаторната комисија.

Регулаторна објавува нови цени само ако поскапувањето или поевтинување е поголемо или еднакво од 2 денари.

Поврзани новости