599
Доцна синоќа околу 1 часот пред Поликлиниката Чаир, Итната медицинска помош ги затекнала повредени со остар и тврд предмет Б.П. и А.Л.(21) од Скопје.
Двајцата се расправале, па физички се пресметале, по што заедно завршиле повредени пред поликлиниката, кога ги здогледале вработените од Итната помош.
Лицата биле пренесени во Градската општа болница „8 Септември“ и Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.
Подоцна, како што информираа од МВР, едниот од нив бил приведен.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок