Крушевскиот градоначалник апелира: Коњите да се тргнат од кај Спомен куќата на Тоше!

by fokus

Голем дел од крушевчани кои чуваат коњи како домашни животни, ги пуштаат да пасат на зелените површини низ градот.

Едно од местата каде во изминатото беа забележани коњи беше и Спомен куќата на Тоше Проески на месноста „Гумење“.

Крушевскиот градоначалник Томе Христоски апелираше, сопствениците на коњите да не дозволат овие животни да се движат околу тој простор.

„Апелираме до сопствениците на коњи, чии домашни животни се движат во дворното место на НУ спомен куќа „Тодор Проески“ и на месноста „Гумење“, да се погрижат истите да не гравитираат околу овој простор и да не пасат во дворните места на музеите. Овој апел го испраќаме заради безбедноста на граѓаните и посетителите и заради самиот изглед на спомен куќата, Историскиот музеј, „Гумење“ и локалните ресторани.

Овој апел е со намера на најдобронамерен начин да се реши овој проблем зашто големи поплаки стигнуваат до општина Крушево и до градоначалникот Томе Христоски“, истакна градоначалникот.

Поврзани новости