Двајца крушевчани заработија кривична пријава поради транспорт на дрва, за кој немале соодветна лиценца издадена од Министерството за транспорт и врски.
„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против Б.Ј.(36) од Крушево и правно лице од Крушево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “вршење јавен превоз без поседување лиценца“. На 25.08.2017 година во Прилеп на улицата „Прилепски бранители“, од страна на полициски службеници, при контрола на товарно возило, сопственост на второпријавеното правно лице, во кое првопријавениот бил управител, било утврдено дека со истото се вршел јавен превоз на дрвни сортименти без соодветна лиценца издадена од Министерството за транспорт и врски“, велат од МВР.