650
Коста Крпач е човекот кој пред неколку саати најверојатно пукаше во комбе од својот балкон кон паркингот во Капиштец, а подоцна е пронајден мртов во својот стан, тврдат од МВР.
– Во врска со претходно пријавениот настан на улицата „Народен Фронт“ кај новиот цветен пазар, можниот сторител К.К кој наводно пукал во возилото на булевар М.Т. Гологанов пронајден е починат со прострелна рана во градниот кош, кој најверојатно се самоубил со огнено оружје револвер со непозната марка – велат од МВР.
Тој беше еден од лицата што се претседателот Ѓорѓе Иванов ги аболицираше пред две недели.