Кривичниот суд ќе донесе нова одлука за притворот на Кочан

by Fokus

Кривичниот суд во Скопје денеска ќе одлучува по барањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за притвор на бизнисменот Сеад Кочан, првоосомничен во случајот „Труст“.

Сослушувањето е закажано за во 10 часот. Повторното одлучување на Кривичниот суд за притворот на Кочан следува откако во петокот минатата недела Врховниот суд, постапувајќи по барање за заштита на законитоста, доставено од Јавното обвинителство, реши да ги укине претходните одлуки на Основниот суд Скопје 1 и на Апелацискиот суд Скопје.

Поврзани новости