Секторот за внатрешни работи Велес поднесе кривична пријава против З.Р.(36) од Неготино за сторено кривично дело „Несовесно работење во службата“, против С.Н.(66) од село Чифлик, Демир Капија за сторени кривични дела – „Поттикнување“ во врска со „Несовесно работење во службата“ и „Употреба на исправа со невистинита содржина“, против Т.М.(26) и А.С.(53), двајцата од Скопје за сторено кривично дело „Несовесно работење во службата“, против С.С.(41) и С.А.(53), двајцата од Скопје за сторено кривично дело „Соизвршителство“ во врска со „Употреба на исправа со невистинита содржина“.
Првопријавениот, како референт за возила и возачи во Одделение за управни работи Неготино, издал дозвола за регистрација на патничко моторно возило „БМВ 745 L/ GL63“, на име на второпријавениот, и покрај тоа што истиот не поседувал соодветна документација.
Второпријавениот приложил лажна исправа во Бирото за метрологија при Министерството за Економија-Скопје со цел да ја искористи погодноста по член 24 од Законот за возила.
Трето и четвртопријевениот лица, вработени во „АМСМ-УСЛУГИ“ – Центар за возила-Скопје, во барањето за согласност за регистрација на наведеното возило навеле лажни податоци за барателот на согласноста.
Петто и шестопријавениот, кај нотар, дале лажна изјавата за идентитетот на второпријавениот, со што, на истиот му овозможиле да го употреби таквиот документ во Бирото за метрологија при Министерството за Економија-Скопје.