Кривични против мајката и таткото на бебето оставено пред Домот за доенчиња во Битола

by fokus

Полицијата поднесе кривични пријави против мајката и таткото на бебето што беше оставено пред Домот за доенчиња во Битола на 2 јули годинава.

Од Секторот за внатрешни работи Тетово и Секторот за внатре ншни работи Битола целосно велат дека целостно е расчистен случајот. Кривична пријава е поднесена и против таткото на 15-годишната мајка.

„Поради основи на сомнение дека сторилa кривично дело „напуштање немоќно дете“ поднесена е кривична пријава до Основното јавно обвинителство Битола против  17-годишната мајка од Желино ( член 200 од КЗ на Република Македонија).

Поради основи на сомнение дека сторил кривично дело „вонбрачен живот со малолетно лице“ ( член 197 од Кривичниот законик на Република Македонија) до ОЈО Тетово пријавен е 27-годишниот Ш.А. од тетовското село Долна Лешница, а за истото дело се сомничи и 38-годишниот Б.А. од тетовско Желино, кој и допуштил, односно и дозволил на малолетничката да живее во вонбрачна заедница со друго лице“, велат од полицијата.

Поврзани новости