747
Охридската полиција поднела кривични пријави против тројца скопјани и фирма од Охрид за забавите што беа организирани на 2 август, кога голем број граѓани заминаа во Охрид и на социјалните мрежи се појавија видеа од журки на кои не се почитуваа здравствените протоколи.
-Пријавените организирале музички настан во Градиште и на плажата, без почитување на мерките за спречување и ширење на заразна болест Ковид-19 и протоколите за отворање и работа со кафетерии, односно пријавените не постапиле според владините уредби, сооштија од МВР.