Азербејџан најавува борба сѐ додека не се повлече ерменската војска од Нагорно-Карабах

by fokus 16:59
16:59

Воените операции на Азербејџан ќе продолжат се до повлекувањето на ерменските сили од Нагорно-Карабах, соопштија денеска официјалните лица на оваа земја.

-Имаме само еден услов, целосно, безусловно и итно повлекување на ерменските вооружени сили од нашата земја. Ако ерменската Влада го прифати овој услов, конфликтите ќе престанат, крвопролевањето ќе престане, изјави азербејџанскиот претседател, Илхам Алиев по посетата на ранетите војници во болницата.

- Advertising -

Судирите во Нагорно Карабах ескалираа во неделата, а оттогаш на двете страни има стотици убиени и повредени војници и цивили.

Веќе два дена меѓународната заедница повикува на почеток на разговори за прекин на борбите и завршување на децениските недозрабирања меѓу двете поранешни советски републики, но од двете страни пристигнуваат јасни пораки дека нема подготвеност за почеток на дијалог.

Поврзани новости