487
Министерството за внатрешни работи информираше дека поднело кривични пријави против седум малолетници поради сомнение за учество во топла која спречила службени лица да вршат дејства за време на протестите во скопската населба Ѓорче Петров пред повеќе од десетина дена, испровоцирано од убиството во населбата.
Како што соопштија од министерството, пријавените учествувале во топла која спречила полициски службеници да воспостават јавен ред и мир, а при тоа и повредиле десет полицајци.
Според МВР, тие се обиделе и да го пробијат поставениот полицискиот кордон, за што користеле и метални палки и камења, со цел да се уптатат кон центарот на градот.