459
Лицата кои го симнаа државното знаме во Куманово добија кривична пријава.
СВР Куманово им поднесе кривична пријава на Л.К.(21) и 17 годишно лице, двајцата од селото Слупчане. Пријави се поднесени и против две непознати лица, за сторени кривични дела ,,предизвикување национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпилевост” и ,,напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста”, јави Макфакс.
Настанот се случи на 31.03.2017 година, на плоштадот во Куманово, каде пријавените лица се обиделе да го симнат државното знаме на Македонија, и на исто место да го постават државното знаме на Албанија.