Промовирана публикацијата „Од Букурешт до Преспа“

by fokus

Фондацијата Отворено општество денеска ја промовираше публикацијата „Македонија од Букурешт до Преспа- Сведоштва на едно време: Македонија 2008-2018“ во Даут Пашиниот Амам.

Таа е составена од сведоштва за едно време-невреме кое во колективната меморија на нашите граѓани ќе остане запаметено како темно. Тоа се годините кога Европа нѐ етикетираше како „заробена држава“ и кои, од оваа исклучително кратка историска дистанца, ќе ги запаметиме како „загубено време“

– Најсилниот мотив да пристапиме кон изработка на еден ваков зборник беше за да се обидеме барем делумно да придонесеме кон колективното паметење или да се спротивставиме на заборавот. Во случајов мотивот беше да запишеме за да не заборавиме, за да никогаш повеќе не ни се повтори, рече денеска на промоцијата, извршната директорка на Фондацијата Фани Каранфиловска Пановска.

Извор – Нова ТВ

Поврзани новости