Кривична за полицаец од Скопје, дилал марихуана, а користел и хероин

by fokus

Четириест годишниот полициски службеник Ј.Ј. од Скопје заработи кривична пријава поради основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, соопштуват од Министерството за внатрешни работи.

Од таму додаваат дека при претресот на неговиот дом на 19-ти месецов, биле пронајдени 125 грама марихуана, како и семки од канабис. По извршеното вештачење на биолошки материјал земен од Ј.Ј., констатирано е присуство на метаболит на хероин во организмот.

Од страна на судија на претходна постапка од Основен суд Скопје на осомничениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поведе дисциплинска постапка и Ј.Ј. ќе биде суспендиран од работното место до завршување на постапката.

Поврзани новости